Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Џес Лингард, го продолжи договорот со Манчестер јунајтед до 2021 година и ќе заработува по 100.000 фунти неделно.
Англискиот репрезентативец ќе остане на „Олд Трафорд“ до 2021 година со можност после тоа да ја продолжи соработката за уште една година. Лингард дојде во Манчестер јунајтед на седумгодишна возраст и досега има одиграно 70 натпревари за „црвените ѓаволи“. Сезонава тој настапи на 29 натпревари и постигна пет гола.
„Манчестер јунајтед отсекогаш имаше голема улога во мојот живот. Чувствувам голема гордост секогаш кога ќе го облечам дресот“ – изјави Лингард.
Тој е еден од ретките фудбалери на Манчестер јунајтед кои постигнувале голови на три натпревари по ред на Вембли. Минатата сезона го постигна победничкиот гол во финалето на ФА Купот, а годинава постигна гол против Лестер и против Саутемптон во победата на Манчестер јунајтед во финалето од Лига Купот во февруари.
„Тоа што сум постигнал голови во две финалиња од Купот за мојот клуб од детството, мене и моето семејство не прави да бидеме многу горди. Како екипа веќе освоивме еден трофеј сезонава и се надевам дека ќе му помогнам на тимот да освои уште повеќе титули со нашиот извонреден тренер“ – додава 24 годишниот фудбалер.
Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, изјави дека Лингард е омилен член во тимот и дека нему му е мило што го продолжил договорот.
Лингард настапуваше како позајмен играч во Лестер, Бирмингем, Брајтин и Дерби Каунти, пред да дебитира за првиот тим на Манчестер јунајтед во сезоната 2014/2015, кога тренер на тимотт беше Луј ван Гал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА