Лино Червар ќе ја промовира својата книга во Охрид, на отворањето на турнирот „Крсте Андоновски“

Легендарниот хрватски ракометен стратег Лино Червар, како што е познато, ќе биде главен промотор на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“, кој ќе се одржи од 19 до 23 август во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид.

Червар, кој е еден од најтрофејните светски тренери, со олимписко и светско злато со репрезентацијата на Хрватска, ќе биде специјален гостин на турнирот.

На 19 август на официјалната прес-конференција Червар ќе ја промовира и својата најнова книга, која ќе биде достапна за купување за сите љубители на ракометот и спортската литература.

Како што информираат организаторите, во текот на турнирот, Червар ќе има активна улога во официјалните церемонии – ќе доделува награди за најдобрите поединци на натпреварите и за најистакнатите играчи на целиот турнир.

Се вчитува...