ЕКИПА во Минхен,
Стеван Цаневски
Хрватскиот селектор Лино Червар сосема очекувано не можеше да го сокрие задоволството од триумфот против Исланд со кој во голема мера „коцкестите“ си ги отворија вратите за место во следната фаза на Светското првенство 2019.
Очекувано по мечот за македонските и хрватските новинари во Минхен интересно беше да се чуе мислењето како Червар, како поранешен селектор, гледа на првиот настап и на Македонија на Мундијалот.
„Сите знаете дека јас многу ја ценам Македонија, добро сум запознаен со квалитетите на сите ракометари во селекцијата затоа што поголемиот дел од нив се и мои деца. Но, овој момент апсолутно не сакам да мислам на Македонија затоа што има време до нашата меѓусебна пресметка“ – рече Червар и дополни:
„И по оваа победа над Исланд не сакам воопшто да славиме. Победи карактерот и за тоа мора да ги пофалам играчите. Јас секогаш велам дека игра главата, само главата… Имавме поддршка и од трибините и сето тоа не однесе до посакуваниот триумф“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА