„Линсенити“ објави крај на кариерата

Американскиот кошаркар со тајванско потекло, Џереми Лин објави крај на кариерата на 37-годишна возраст. Оваа одлука ја сподели на социјалните мрежи.

Кариерата на Лин траеше 15 години од кои девет ги помина во НБА лигата откако помина четири години во колеџот на Харард. Неговите последни две сезони беа во тајванското првенство каде настапуваше за Нов Тајпеј.

Лин беше НБА шампион со екипата на Торонто во 2019 година, но е далеку подобро познат по „Лисенити“ периодот од времето кога настапуваше за Њујорк Никс.

Се вчитува...