Лион доби казна – преселба во Втора лига, може да се спаси само ако…

Француската Фудбалска Федерација му изрече жестока казна на Лион – преселба во Втората лига на Франција доколку клубот не ги подмири огромните долгови што ги создаде во последните години.

Лион во текот на летово се соочи со огромна финансиска криза, за момент и ги стави сите фудбалери на трансфер-листа, но доби зелено светло да се натпреварува. Ситуацијата во меѓувреме не се подобри, француските медиуми информираат за вкупен долг од над 500 милиони евра, по што во целата ситуација се вклучи и „Националниот директорат за контрола и менаџмент“.

По состанокот со сопственикот Џон Текстор, кој два часа детално ја објаснуваше финансиската состојба во клубот, беше изречена забрана за трансфери во јануарскиот преоден рок, но и преселба во Втората лига, казна што ќе стапи на сила ако клубот не ги подмири целосно огромните долгови.

Се очекува Лион во јануарскиот преоден рок да има распродажба на клучните играчи со цел на овој начин да се покрие дел од долгот, а паралелно со тоа Текстор ќе ја продолжи потрагата по нови инвеститори во клубот.

Се вчитува...