Лион ја продлабочи резултатската криза во францускиот шампионат откако поранешниот првак не успеа да слави на домашен терен над Тулуз, ремизирајќи 1-1 на големо разочарување на своите верни навивачи. Екипата на Лион одлично ја почна сезоната, но влезе во серија слаби резултати, во претходните четири кола претрпе исто толку порази, а вечерва и покрај фаворитската улога не успеа да стигне до цел плен против Тулуз.
Дуелот стартуваше одлично за домашните фудбалери, кои благодарение на Бразилецот Тите уште во третата минута стигнаа до предност. Лион беше подобар противник во првото полувреме, но домаќините не искористија неколку шанси за постигнување на втор погодок.
Казната стигна кон средината на второто полувреме, кога по една акција на гостите топката стигна до Ратао, кој умешно ја смести во мрежата на Лион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА