Лион го совлада Олимпик Марсеј со 2-0 на домашен терен и се израмни бодовно со второпласираниот Монако на табелата во францускиот шампионат. Сега двата тима имаат по 38 бода, девет помалку од лидерот Пари Сен Жермен.
Набил Фекир во шестата минута го постигна водечкиот погодок за Лион. Тој изведе слободен удар од 30 метри, Манданда реагираше очајно на голот на Олимпик Марсеј и топката отседна во мрежата на гостите. Во вториот дел започна на речиси идентичен начин. Маријано Дијаз во 51.минута беше стрелец на вториот гол за Лион на овој меч, што беше доволно за сигурен триумф во дербито против Марсеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА