Кени Тете од Ајакс е петтото засилување за Лион ова лето. За услугите на 22-годишниот десен бек, Лион исплати три милиони евра на вицешампионот од Европа лигата, а Холаѓанецот потпиша петгодишен договор. Тете го напушта Ајакс по 12 години, поминувајќи ги сите младински категории се’ до сениорскиот тим, каде оваа сезона го загуби стартното место, што е една од главните причини за овој трансфер.
Репрезентативецот на Холандија го одбра Лион пред италијанските гиганти Јувентус и Интер, се споменуваше и Кристал Палас како опција, но Тете смета дека најмногу шанса ќе добива во француското првенство.
Оваа сезона одигра само пет натпревари во холандската лига, неговите квалитети беа повеќе користени во Европа лигата и купот на Холандија. За репрезентацијата на „лалињата“ одигра шест меча, дебитираше против Казакстан во 2015 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА