Лион е последниот полуфиналист во Лигата на Европа откако францускиот претставник по огромна битка, 120 минути игра и пенал-рулет успеа да го елиминира Бешикташ.
Талиска беше главна фигура во регуларниот дел од натпреварот, постигнувајќи ги двата гола за Бешикташ во победата од 2-1, со кој беше надополнета негативата од првиот меч.
Во пенал рулетот по првите шест серии немаше ниту едно промашување, а потоа прв потклекна Бешикташ откако Тошиќ не беше прециен. Жале не ја искористи првата „меч-топка“ за Лион, но во седмата серија Бешикташ повторно промаши преку Хрватот Митровиќ, по што гостите беа прецизни и со голот на Гоналон се пласираа во полуфиналето.
Само за потсетување, покрај Лион пласман меѓу најдобрите четири тима во ЛЕ обезбедија и Манчестер јунајтед, Ајакс и Селта, а извлекувањето на двојките за полуфиналето ќе се одржи утре со почеток во 13 часот.
All & Goals & Highlights HD – Beşiktaş JK… by lifefootball
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА