Лион го надигра, но шокантно загуби од Стразбур (ВИДЕО)

Лион на домашен терен е шокиран од Стразбур, и загуби со 1-2. Иако имаше повеќе посед на топката, повеќе удари од противникот (дури 30), сепак, на крајот мораше да му честита на противникот.

Ахолу во 29. минута донесе предност за Стразбур, а набрзо потоа, за само три минути Диало зголеми на 0-2.

Лаказет од пенал во последните мигови од првиот дел успеа да намали. Во вториот дел Лион тргна да прави пресврт, но не само што не успеа да дојде до него, туку не успеа да дојде ниту до гол со кој би го избегнал поразот.

Стразбур освојува важни бодови во битката за опстанокот.

Се вчитува...