Францускиот клуб Лион минатата сезона беше едно време и во опасната зона, а на крајот успеа да избори и место во Европа. Така сега тимот тргна да се засилува, а досега екипата на нови имиња потоши 84 милиони евра.
Пред неколку дена во клубот пристигна и Муса Ниакате од Нотингем Форест за 31,9 милиони евра, што стана најскапото засилување во историјата на клубот. Претходно тој играше за Валенсиен, Мец и Мајнц. За селекцијата на Сенегал има 12 настапи.
Белгискиот играч за врска Орел Мангала беше купен од Нотингем за 23,4 милиони евра, а Бенрахма од Вест Хем е купен за 14,4 милиони евра. Абнер Винисиус од Бетис за 8 милиони, и Мама Балде од Троа за шест милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА