Францускиот првак Пари Сен Жермен конечно потклекна во 23. коло од домашниот шампионат. „Светците“ го претрпеа првиот пораз откако на гостувањето кај Лион загубија со 2-1.
Анхел Ди Марија во седмата минута го доведе ПСЖ во водство, но Муса Дембеле го израмни резултатот во 33.минута.
Најдобриот играч на Лион, Набил Фекир, го донесе триумфот на својот тим со удар од белата точка во 49.минута. Без повредениот Нејмар, ПСЖ немаше сили да возврати до крајот на мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА