Хрватскиот стопер Дује Чалета – Цар заминува од Саутемптон, и ќе потпише за Лион. Францускиот клуб наводно платил пет милиони евра за репрезентативецот на Хрватска. Чалета-Цар е веќе во Франција, каде што денеска треба да ги мине лекарските прегледи и да потпише за овој клуб.
Чалета-Цар не играше премногу во Саутемптон. Настапи само 19 меча, а во последните мечеви не беше ниту во записникот.
Хрватот веќе има искуство со играње во Франција, откако четири години нстапуваше за Олимпик Марсеј. Лион со тоа комплетира проверен тандем стопери, со оглед дека таму веќе настапува Дејан Ловрен.
Чалета-Цар има 23 настапи за Хрватска, но во последно време не се наоѓаше на списокот на Златко Далиќ поради слабата минутажа во Саутемптон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА