Екипата на Лион оствари многу важна победа во битката за опстанок во францускиот шампионат, откако го совлада тимот на Тулуз со 3-0. Апсолутен херој на некогашниот француски првак беше Лаказет кој трипати стрелаше во мрежата на противникот.
Лаказет првиот гол го постигна во 25. минута, а само четири минути подоцна донесе предност од 2-0. Во 80. минута екс играчот на Арсенал зголеми на 3-0.
Во судиското надополнување од првиот дел, Тулуз не реализираше пенал преку Далинга.
Со оваа победа Лион и натаму останува полседен на табелата, но сега се доближи до ривалите за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА