Лион, Монако, Вест Хем и Баер Леверкузен се „чекираа“ за нокаут-фазата, Наполи и Ц. Звезда ги чека пекол

Лион, Монако, Вест Хем и Баер Леверкузен се „чекираа“ за нокаут-фазата од Лига Европа откако го осигураа првото место на табелата во своите групи на коло пред крајот на групната фаза, а интересно и неизвесно до самиот крај ќе бидат групите на Наполи и Црвена Звезда.

Лион кој веќе го осигура своето место во следната фаза го потврди првото место со победа од 1-3 над Брондби па во игра за втората позиција остануваат само Ренџерс и Спарта Прага, а на чешкиот тим му „виси“ и втората позиција доколку не успее да освои ниту бод против Брондби во последното коло.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Францускиот клуб предводен од Нико Ковач тоа го направи со победата од 2-1 над Реал Сосиедад со што Монако се искачи на врвот на табелата „Б“ со 11 совоени бода, три повеќе од ПСВ, пет пред Реал Сосиедад и десет пред Штрум. Кој ќе биде вториот патник во следната фаза во ЛЕ, а кој ќе заврши во Конференциската лига останува да видиме во шетото коло.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Вест Хем само чудо можеше да го симне од врвот на групата „Х“ каде се наоѓа и Динамо на нашите Адеми и Ристовски. Лондонскиот тим одигра речиси перфектна групна фаза во кој забележа четири победи и едно реми за со 13 освоени бода да биде недостижен на врвот. Во „пол-позиција“ за следната фаза се „модрите“, но на хрватскиот состав му претстои гостување во Англија.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Работите се познати во групата „Г“ каде Баер Леверкузен ќе ја заврши групната фаза на првото место на табелата, Бетис влегува во нокаут-фазата како второпласиран, а Селтик оди во Конференциската лига.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Најнеизвесна е групата на Наполи на нашиот Елиф Елмас каде последното коло ќе одлучува се. По пет одиграни кола прв на табелата е Лестер со осум освоени бода, а бод заостануваат Спартак Москва и Наполи. Зад нив со шест бода пак е Легија која исто така има шанса за пласман во следната фаза.

Во последното коло од оваа група силите ќе си ги одмерат Наполи и Лестер, односно Легија и Спартак Москва.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Неизвесно е и во групата „Ф“ каде се наоѓа Црвена Звезда. Белграѓани се на првата позиција на табелата со 10 освоени бода, но зад неа следат Брага со 9 и Митјиланд со осум освоени бодови со што во последното коло ќе биде познато кои два клуба ќе завршат во нокаут-фазата на ЛЕ, а кој во Конференциската лига. Единствениот кој нема никакви шанси е Лудогорец кој има само еден бод.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Во групата „Д“ познато е дека во следната фаза во Лига Европа ќе се натпреваруваат Франкфурт и Олимпијакос, но не е познато кој ќе ја освои првата позиција. Во последното коло Германците гостуваат кај Фенербахче, додека Грците кај Антверп.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Слична е и ситуацијата во групата „Е“ каде во следната фаза ќе поминат Галатасарај и Лацио, а овие два тима во меѓусебен дуел ќе одлучат за тоа кој ќе ја освои првата позиција на табелата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...