Конечно, добра вест за Олимпик Лион откако клубот испадна од Лига 1 поради финансиски долгови.
Европската фудбалска федерација (УЕФА) постигна договор со Лион врз основа на кој на клубот ќе му биде дозволено да се натпреварува во Лига Европа следната сезона само под услов Националната дирекција за контрола и управување, која ја изрече мерката елиминација во Лига 2, да ја суспендира таа одлука по жалбата што Лион ќе ја напише во наредните денови.
Клубот од Рона за ова има рок од седум дена од моментот кога официјално ќе го добие известувањето за казната (која се уште ја чека).
Така, во најлош случај, Лион следната сезона нема да игра ниту во Лига 1, ниту во Европа доколку жалбата не биде успешна, но во случај на поволен исход од жалбата пред Националната дирекција ќе игра во двете конкуренции.
УЕФА веќе го казни Лион со 200.000 евра, тоа беше на 5. мај годинава, поради неисплатени плати и придонеси на вработените и поради долгови кон други клубови.
Тоа беше најголемата казна изречена за таков вид прекршок од сите клубови кои беа санкционирани годинава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

