Францускиот прволигаш Лион сака да го врати ветеранот Франк Рибери во Франција по повеќе од една деценија. Тој играше за Олимпик Марсеј во периодот од 2005 до 2007 година, а потоа замина во Баерн Минхен каде остана една деценија и стана еден од најдобрите светски фудбалери. Оваа сезона тој е дел од калчолигашот Фиорентина.
Раководството на Лион отпочна преговори за негов ангажман по завршувањето на сезоната. 36-годишниот крилен играч оваа сезона има девет настапи за Фиорентина и два постигнати гола.
Рибери заработи незгодна повреда на последниот натпревар на „виолетовите“ и ќе мора да отсуствува од терените најмалку до крајот на годинава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

