Олимпик Лион славеше на гостувањето кај Амиен со 1-2 во 5. коло од француската Лига 1.
Домаќините поведоа со голот на Жале во 7. минута. По само две минути следуваше одговор од гостите кои преку Дембеле го израмнија резултатот. Со својот втор гол на натпреварот во 34. минута Дембеле донесе водство за гостите од 1-2.
Резултатот од првото полувреме стоеше на семафорот се до судиското надополнување кога домаќините со голот на Бодмер успеаја да стигнат до бод. Интересен е фактот што и Жале и Бодмер во кариерата ги бранеа боите на Олимпик Лион.
Во премиерниот меч од 5. коло во Лига 1 Лил беше подобар од Анжер со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА