Лион се интересира за „дијамантот“ Елиф Елмас

Со оглед што иднината во Наполи му е неизвесна, затоа што италијанскиот тим донесе многу засилувања во средниот ред, Елиф Елмас би можел да ја смени средината. Последните информации од Италија говорат дека францускиот тим Лион е заинтересиран за македонскиот репрезентативец.

Во Елмас, Лион гледа замена за Лукас Пакета кој е на излезна врата од тимот, и пред преселба во Вест Хем.

Веднаш штом ќе „падне договор“ за Пакета со Вест Хем, Лион оди на преговори со Наполи за македонскиот интернационалец, па голема е веројатноста да се пресели во Франција, со оглед дека Бразилецот е пред потпис со англискиот тим.

Елмас претходно беше поврзуван и со трансфер во Милан, а во последно време се споменува и тимот на Евертон.

Се вчитува...