Фудбалерите на Лион го совладаа Тулуз со 2-0 и го задржаа чекорот со водечкото трио на табелата во борбата за пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Сега Лион има два бода негатива во однос на третопласираниот Олимпик Марсеј, кој е на позиција што носи во квалификациите за ЛШ.
Мемфис Депај во 23.минута го отвори резултатот, а пред крајот на првиот дел уште еднаш се запиша меѓу стрелците, со реализација од белата точка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА