Тимот на Лион имаше успешен старт во новиот шампионат на Франција. Избраниците на Бруно Џенезио на домашен терен славеа против Амиен со 2-0.
Бертранд Траоре во 24.минута донесе водство за составот на Лион, а во вториот дел на сцена стапи Мемфис Депај, кој со фантастично изведен слободен удар го постави конечниот епилог на овој меч. Амиен немаше сили да возврати, па Лион очекувано ги прокнижи првите три бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА