Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси е прогласен за МВП на сезоната во МЛС. Сезоната 2024 во МЛС се приближува кон крајот и додека ЛА Галакси и Њујорк Ред Булс одлучуваат за шампионот овој викенд, МЛС го објави победникот на најважната индивидуална награда оваа сезона.
Станува збор за наградата Лендон Донован која се доделува на МВП на сезоната, а таа награда му припадна на аргентинската ѕвезда Лионел Меси, која во гласањето со мнозинство беше избран за најдобар фудбалер.
37-годишниот Аргентинец го предводеше Интер Мајами до првото место во лигата по регуларниот дел од сезоната со 74 бода кои беа рекордни во МЛС лигата. Иако повредите дојдоа до Меси во важни моменти од сезоната, неговото присуство во важни моменти беше клучно за играта на Интер Мајами. Меси оваа сезона пропушти 16 натпревари.
Мајами загуби само еден натпревар од регуларниот дел од сезоната со Меси во составот, со биланс од 12 победи, 1 пораз и шест нерешени. На 19 натпревари, Меси постигна 22 гола и забележа 16 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА