Маестралниот гол на Лионел Меси не му донесе победа на Интер Мајами во натпреварот против Торонто од МЛС лигата, но со истиот аргентинскиот ас го запиша своето името во историјата на клубот.
Имено, 37-годишникот стана фудбалерот со најголем учинок за Интер Мајами во историјата со 44 голови и асистенции и тоа на само 29 натпревари во МЛС со што беше надминат рекордот на Гонзало Игуаин од 2020 и 2022 година кога комбинираше 43 голови и асистенции во една сезона.
Дополнителна вредност на историскиот подвиг на Меси дава фактот дека му беа потребни 38 помалку натпревари од сонародникот.
With his first-half goal against Toronto FC, @InterMiamiCF‘s Lionel Messi (44 goal contributions in 29 games) surpassed Gonzalo Higuaín for the most goal contributions in club history, accomplishing the feat in 38 fewer matches. pic.twitter.com/l2qUUMbWGY
— MLS Communications (@MLS_PR) April 7, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА