Лионел Меси ја доби „Златната топка“ за 2019 година, шеста во неговата колекција (ФОТО+ВИДЕО)

Фудбалерот на Барселона и аргентински репрезентативец Лионел Меси е добитник на „Златната топка“ за 2019 година. Тоа е шесто вакво признание за фудбалскиот генијалец, кој оваа година во најтесниот избор беше подобар од Вирџил ван Дајк, фудбалерот на европскиот првак Ливерпул, и од Кристијано Роналдо кој одлучи и воопшто да не дојде на гала свеченоста во Париз.

 

Лука Модриќ, добитникот на наградата од лани лично му ја враќи „Златната топка“ на Лионел Меси. Таа од претставник на Реал Мадрид оди во рацете на најдобриот фудбалер на Барселона.

 

Лионел Меси претходно беше добитник на „Златната топка“ и во 2009, 2010, 2011, 2012 и во 2015 година. По четири години, повторно го доби ласкавото индивидуално признание.

 

 

Се вчитува...