Лионел Меси како во најдобрите времиња – Интер ја скокна првата пречка во МЛС лигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер Мајами се пласираа во четвртфиналето од плејофот на МЛС лигата. Најзаслужен за триумфот од 4-0 во мајсторката против Нешвил беше никој друг туку Лео Меси.

Аргентинецот учествуваше во сите четири гола, регистрирајќи два гола и една асистенција.

Првиот гол го постигна во 10. минута, во свој стил по пробив, за да ја удвои предноста во 39. минута по додавање од Матео Силвети.

Меси и Жорди Алба му овозможија гол на Тадео Аљенде во 73. минута, за да истиот играч да постигне прекрасен лоб удар во 76. минута откако Меси го шутна во празниот шеснаесетник.

Следниот ривал на Интер ќе биде Синсинати, кој победи против Колумбус во мајсторката со резултат од 2-1.

Се вчитува...