Лионел Меси на Мундијалот го договори својот нов клуб

Лионел Меси во Катар го игра своето последно светско првенство, а по враќањето во Европа сосема веројатно ќе ја игра и својата последна сезона во Лигата на шампионите.

Угледниот „Тајмс“ тврди дека капитенот на Аргентина веќе го договори својот нов клуб и тоа за време на Мундијалот. „Тајмс“ ги носи и деталите од договорот кој Аргентинецот треба да го потпише со клубот во сопственот на Дејвид Бекам, членот на американската МЛС-лига, Интер Мајами каде би се преселил следната година.

Меси претходно навести можност за преселба во Интер Мајами не криејќи дека сака да живее во САД, и да го почувствува фудбалот во таа држава. „Тајмс“ наведува дека влијанието на Бекам било клучно за да ја прифати понудата за ангажман во овој клуб.

 

Наводно во Интер Мајами, освен Меси, би требало да дојдат и неговите двајца најголеми пријатели, Луис Суарез кој е слободен играч и Сеск Фабрегас кој игра за Комо во Серија Б. На листата на посакувани фудбалери на Дејвид Бекам за неговиот клуб се и Жорди Алба и Серхио Бускетс.

Се вчитува...