Лионел Меси на полноќ станува слободен играч

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња на полноќ станува слободен фудбалер. Неговиот договор со Барселона завршува денеска и иако има најави дека тој треба да биде продолжен од каталонскиот клуб се уште не е потрвдено неговото продолжување.

Фановите на Барса се уште не можат да здивнат бидејќи се исплашени дека нивниот најдобар фудбалер на сите времиња сепак нема да остане верен на клубот и ќе го напушти. Има ситни шпекулации дека тој може да се пресели во Пари Сен Жермен каде би играл заедно со Нејмар, но сепак поизвесно е дека во следните денови ќе биде објавено продолжување на договорот.

 

Се вчитува...