Сезоната во МЛС завршува во декември, а потоа следува малку подолга пауза која некои играчи би сакале да ја поминат активно.
Имено, Лионел Меси е еден од нив и наводно изразил желба да остане во натпреварувачки ритам, бидејќи Светското првенство е следното лето, па смета дека планираната пауза не би му одговарала.
Галатасарај сега сака да го искористи тоа и наводно подготвува понуда аргентинскиот магионичар да помине неколку месеци во нивните редови.
Сигурно дека има шанси тие неколку месеци да ги помине на позајмица, а нема сомнеж дека клубовите ќе се обидат да го доведат најдобриот фудбалер на сите времиња во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

