ЛИОНЕЛ МЕСИ – новиот „Крал на фудбалот“

Легендарниот Пеле замина во вечноста. „Кралот на фудбалот“ го напушти Светот во својата 82-година од животот. Во последните денови од 2022 година тажна вест го погоди универзумот со смртта на еден од најдобрите. И додека едниот го испраќаме во вечноста, еден друг веќе ги искачи височините, и со освојувањето на светската шампионска титула стана бесмртен, исто како Пеле и Марадона.

Светот минатата година му се поклони на Лионел Меси. Аргентинецот и дефинитивно стана најдобриот фудбалер во историјата откако го освои последниот трофеј кој му недостигаше во кариерата и триумфираше на Светското првенство.

Тој со освојувањето на трофејот во Катар успеа да ги обедини сите големи трофеи во историјата на фудбалот. Тој минатата година стигна до првата титула на Копа Америка, а тука е и трофејот од Финалисима. Со „гаучосите“ стигна и до златниот медал на Летните олимписки игри 2004 година во Атина.

На клупски млан ги има сите освоени трофеи, од Лигата на шампионите, до сите трофеи во Шпанија, и во Франција со Барселона, односно со ПСЖ.

Меси стана човек со најмногу одиграни натпревари на Светските првенства 26, надминувајќи го Лотар Матеус на оваа листа. Тој е единствениот играч кој постигна голови во сите фази од Мундијалот (групната, 1/8 финале, 1/4 финале, 1/2 финале и финале). Со 12 гола и 8 асистенции, тој е вклучен во вкупно 20 погодоци на Мундијалите, што е рекорд.

Меси најави дека ова ќе му биде последно Светско првенство. Нема да биде за изненадување ако го видиме и на 39-годишна возраст и на следното Светско првенство па да има уште рекорди за рушење.

Точно е дека Пеле е прогласен за „Крал на фудбалот“ и дека сето она што го гледаме на терените, токму бразилскиот ас го има направено, но дефинитивно може да се каже дека Меси е сега неговиот наследник во фудбалскиот и спортскиот свет.

Се вчитува...