Посетата на аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси на Индија, во рамки на неговата „GOAT Tour 2025“, беше обележана со хаос на стадионот „Јува Бхарати Криранган“ (познат како Солт Лејк) во Калкута.
Незадоволните навивачи, кои платија високи цени за билети, предизвикаа инциденти откако Меси се појави само кратко време на теренот, опкружен со политичари, ѕвезди и обезбедување, што им оневозможи на гледачите да го видат јасно.
Според очевидци и локалните медиуми, Меси помина околу 20 минути на стадионот, од кои поголемиот дел беше во друштво на ВИП-гости, вклучувајќи познати личности како Шах Рук Кан и поранешен крикетѕвезда Соурав Гангули. Фрустрираните навивачи почнаа да фрлаат шишиња, столици и други предмети кон теренот, киднаа плакати и упаднаа на делови од теренот.
Некои дури запалија столици, предизвикувајќи чад и дополнителен хаос. Полицијата интервенираше за да ја врати ситуацијата под контрола, а главниот организатор на настанот беше уапсен.Меси пристигна во Калкута во раните утрински часови, каде што беше пречекан од илјадници навивачи на аеродромот и улиците. Поради големиот интерес, тој беше евакуиран по алтернативна рута. За време на престојот, тој виртуелно ја откри статуата висока 21 метар (70 стапки), која го прикажува како го крева трофејот од Светското првенство, поставена во Лејк Таун.
Angry crowd in Kolkata’s Salt Lake Stadium throwing bottles from gallery after they couldn’t see Messi properly #MessiInIndia pic.twitter.com/HxhkLsLcFl
— India Blooms (@indiablooms) December 13, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

