За првпат откако го напушти клубот во 2021 година, Лионел Меси се враќа во просториите на Барселона. Познато е дека еден од најдобрите играчи во историјата, кој моментално настапува за Интер Мајами, ја напушти Барселона поради незадоволство од тоа како се водеше клубот. Каталонците загубија многу со неговото заминување.
Пред се маркетинг, бидејќи на името на Меси се правеа милиони. Славниот Аргентинец беше концепт на Блауграна и стана најголемиот играч во историјата на клубот.
Меси ја прифати поканата од челниците на Барса за настан на крајот на овој месец. Аргентинецот ќе и биде гостин на Барселона на прославата на 125. роденден, а оваа вест ги израдува сите навивачи на каталонскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА