Лионел Меси веќе не сака да игра за Пари Сен Жермен

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси повеќе не сака да игра за клубот од Париз, кој го суспендираше аргентинскиот репрезентативец на две недели бидејќи отпатува во Саудиска Арабија без дозвола на тренерот Кристоф Галтие, пренесува реноминираниот „Л’Екип“.

По поразот од Лориен (1-3) во францускиот шампионат, Меси го напушти тренинг кампот на Пари Сен Жермен и отпатува за Саудиска Арабија. Тој тврдеше дека очекувал играчите на „светците“ да добијат два дена одмор, но управата на клубот решила играчите да имаат тренинг по поразот од Лориен.

ПСЖ го суспендираше Меси на две недели, а Аргентинецот нема да игра на натпреварите против Троја и Ајачио.

Тој треба да игра за ПСЖ на крајот од сезоната против Оксер, Стразбур и Клермон. Сепак, „Л’Екип“ наведува дека Меси повеќе не сака да игра за ПСЖ, бидејќи неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

„Меси не се враќа на теренот по тоа што се случи и не може да се замисли повторно да игра на „Паркот на принцовите“, бидејќи знае дека навивачите ќе го пречекаат со свирежи“, пренесува „Л’Екип“. 

ПСЖ е прв на табелата во францускиот шампионат со пет бода повеќе од Марсеј на пет кола пред крајот на првенството.

Се вчитува...