Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони е најдобриот тренер за 2022 година во изборот на „Тhe Best“ наградата на ФИФА. 46-годишникот ги предводеше „гаучосите“ од клупата до шампионскиот трофеј на Мундијалот во Катар, а денеска доби и продолжување на договорот до 2026 година.
Конкуренти за освојување на наградата беа уште тренерите на Реал Мадрид Карло Анчелоти и Манчестер Сити Пеп Гвардиола.
Lionel Scaloni: #TheBest FIFA Men’s Coach 2022 👏 pic.twitter.com/j6HyKopWnw
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) February 27, 2023
Наградата за најдобра тренерка на годината ја доби селекторката на англиската репрезентација, Сарина Вигман.
🚨 Sarina Wiegman has won #TheBest FIFA Women's Coach 2022! pic.twitter.com/s8mexAM3xq
— FIFA Women's World Cup (@FIFAWWC) February 27, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА