Досегашниот селектор на Аргентина со привремен мандат, Лионел Скалони, доби продолжување на соработката до 2022 година. Тој потпиша тригодишен договор откако претходно двапати ја имаше улогата на вршител на должноста селектор по заминувањето на Хорхе Сампаоли.
Скалони беше негов асистент и продолжи да работи заедно со Пабло Аимар, а потоа и беше назначен за привремен селектор. По настапот на Копа Америка 2019 година беа отпочани преговори со него за повеќегодишна соработка и постигната е согласност за наредните три години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА