Липи: Кина не може да успее во фудбалот кога сите деца играат пинг понг

Марчело Липи последните години од својата тренерска кариера ги мина во далечната Кина, најпрвин освојувајќи клупски титули со Гвангжу Евергранде, а потоа и добивајќи шанса како селектор на оваа репрезентација. Трофејниот стручњак не се прослави, по завршувањето на Купот на Азија самиот си поднесе оставка, а во интервју за италијанските медиуми Липи откри зошто Кинезите никогаш нема да успеат да состават врвна фудбалска репрезентација.

Проблемот во Кина е што фудбалот нема никаква традиција во оваа земја. Се обидуваат, вложуваат пари, но се е попусто, не може да се успее во фудбалот кога сите деца од мали нозе тренираат пинг понг. Никаде не можеш да видиш дете како игра фудбал во парк или во некое маало. Сега се обидуваат да свртат нов лист, има фудбалски секции во училиштата, но треба да мине многу време за да се добијат било какви резултати“ – изјави Липи.

Овој стручњак освои бројни пехари на клупски план, но најмил му останува оној со репрезентацијата на Италија, во финалето од СП 2006 и победата над Франција.

„Една победа секогаш ќе ја паметам, кога станавме светски прваци во 2006 со триумфот на пенали над Франција. Да се стигне до тој трофеј со италијанскиот дрес, да ја искачиш својата земја на врвот на светскиот фудбал, не постои поголема радост, ви го гарантирам тоа“ – гордо истакнува Марчело Липи.

Се вчитува...