Липи поднесе оставка на селекторската функција во Кина

Италијанскиот стратег Марчело Липи се повлече од позицијата селектор на фудбалската репрезентација на Кина, откако селекцијата загуби од Сирија во квалификациите за Светското првенство. Човекот кој со Италија го освои мундијалот во 2006 година поднесе одговорност за лошиот резултат. Тој беше еден од најплатените тренери во светот со годишна плата од 20 милиони евра.

Пред него беше само Пеп Гвардиола со 23 милиони евра, а сега на второто место е Диего Симеоне, кој од Атлетико Мадрид заработува 15 милиони евра по сезона. Потоа следат Рафаел Бенитез (13,5 милиони евра) во Далијан и Фабио Канаваро (12 милиони евра) во Гвангжу Евергранде. Зинедин Зидан во Реал Мадрид исто така заработува 12 милиони евра годишно.

 

Се вчитува...