Македонскиот интернационалец Лирим Ќамили постигна два нови гола во данскиот шампионат, носејќи победа на својот тим во дуелот со Алборг, во битката за опстанокот.
Ќамили најпрво промаши пенал, но потоа погоди од одбиената топка за предност, а потоа со втор гол донесе 0-2 на полувремето.
Алборг успеа да намали, но потоа Сондерјиске постигна уште еден гол, за конечен триумф и важни бодови во битката за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА