Лирим Ќамили со гол донесе бод за Сондерјиске против Брондби

Македонскиот репрезентативец Лирим Ќамили, го постигна седмиот гол во првенството на Данска. Фудбалерот од нападот стрелаше во дуелто со Брондби, и успеа најпрво да намали на 1-2, а потоа негтовиот тим стигна до еден бод.

Ќамили во ткеот на мечот доби и жолт картон, а во 89. минута излезе од игра, и на негово место влезе Иван Николов. Сефер Емини беше стартер, и го одигра целиот меч.

Сондерјиске и натаму е во долниот дел на табелата, и го освои 13-тиот бод, и го одигра четвртото реми.

Се вчитува...