Лирој Сане и официјално е нов член на шампионот на Турција, екипата на Галатасарај.
Според најновите информации, Сане се договори за годишна плата од 10 милиони евра да игра за турскиот гигант, доаѓајќи во тимот како слободен играч.
Сане претходно преговараше за останување во Баерн Минхен, но откако последната понуда беше 7,5 милиони евра годишна плата, се одлучи да се пресели на Босфорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

