Крилото на Манчестер сити, Лирој Сане, ја изненади фудбалската јавност со својата нова тетоважа на грбот. „Граѓанинот“ на грбот има тетоважа од себе, во дресот на Сити, како го прославува голот кој го постигна против Монако во Лигата на шампиони.
Тетоважата на Сане не помина незабележано. Фудбалските фанови бурно реагираа на социјалните мрежи, прво прашувајќи се зошто Сане воопшто тоа го направил, бидејќи нема смисла, ниту пак причина, а потоа зафати и сеирскиот бран, секако на негова сметка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА