Лисабонското дерби за Спортинг (ВИДЕО)

Вечерва во Португалија се одигра големото лисабонско дерби во кое Спортинг славеше триумф на теренот на Бенфика со 1-3.

Интересен и возбудлив беше натпреварот, а покрај четирите гола имаше и три поништени погодоци, потоа пречки, стативи и големи шанси.

Сарабија донесе водство за Спортинг во 8. минута. Паулињо зголеми на 0:2 во 62. минута, а Матеус во 68. минута донесе 0:3 за Спортинг. Бенфика успеа да намали во судиското надополнување преку Пици.

Се вчитува...