Лисандро: Бесни сме, знаеме дека Јунајтед мора подобро од ова…

Манчестер Јунајтед викендов повторно ги разочара своите верни фанови, губејќи на домашен терен од Борнмут со убедливи 0-3. Неефикасниот напад и слабата одбрана остануваат проблем и за новиот тренер Рубен Аморим, кој на девет натпревари веќе претрпе четири порази, јасен знак дека „ренесансата“ во Јунајтед ќе оди многу потешко од очекувањата.

Лисандро Мартинез ги надмина проблемите со повредите и е стандарден на последните натпревари, но аргентинскиот дефанзивец не го крие разочарувањето од слабите игри и резултати на својот тим.

„Секако дека сме бесни, знаеме дека сме подобри од она што го покажуваме на терен, знаеме дека Јунајтед мора да подобро од ова, но се мачиме тоа да го потврдиме кога е најважно. Тоа е само мотив плус за сите во тимот, секогаш велам дека во вакви моменти се покажува карактерот и ние мораме да го сториме токму тоа, да ставиме до знаење дека сме способни да ја надминеме оваа криза. Во овој клуб, се оди на победа на секој натпревар, јас верувам во нашата екипа, но мораме да научиме да даваме голови од своите шанси, како и да престанеме да примаме погодоци од прекини“, истакна Лисандро Мартинез.

Се вчитува...