Манчестер Јунајтед и во следните осум недели ќе биде без Лисандро Мартинез кој се повреди на натпреварот против Вест Хем Јунајтед во Премиерлигата.
Само што се врати од повреда аргентинскиот стопер мораше да го напушти теренот во второто полувреме, а и покрај тоа што се чинеше дека станува збор за повреда која ќе му ја заврши сезоната, денешните дополнителни прегледи донесоа заклучок дека нема да биде потребна операција.
Мартинез има истегнат колатерален лигамент на коленото и се очекува да се врати на теренот по паузата за интернационални натпревари во месец март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА