Барселона минува низ голема финансиска криза што е можеби и најголема во нејзината историја, а претседателот на клубот Жоан Лапорта реши да ги израдува фановите откако направи радикални потези и успеа да продаде дел од ТВ-првата на 25 години, додека „Спотифај“ вложи многу пари за да стане генерален спонзор и да го добие името на стадионот.
Каталонскиот гигант во претходните денови потроши 100 милиони евра за Роберт Левандовски и Рафиња, а ги ангажираше и Андреас Кристенсен и Франк Кеси, по што Лапорта се пофали дека имале голема заработка.
„За околу еден месец заработивме 650 милиони евра. Продадовме 25 отсто од ТВ-правата и со тоа обезбедивме големи приходи. Клубот е на добар пат. Финансиската состојба е подобра, а исто така го исплативме кредитот од 100 милиони евра во банката ‘Голдман’“, кажа Лапорта.
Лапорта не планира тука да запре со засилувања, па наскоро се очекува потврда на трансферот на Жил Кунде од Севилја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

