Манчестер Сити и Лестер вечерва го одиграа финалниот натпревар во рамки на турнирот „Комјунити шилд“ на Вембли, а „лисиците“ во последните минути го решија натпреварот по постигнатиот гол од пенал, па на тој начин го обезбедија првиот трофеј во Англија во новата сезона.
Во првиот дел Лестер и Сити понудија офанзивна игра, особено Варди беше опасен кај „лисиците“, имаше неколку шанси пред голот на Манчестер, но без успешна реализација. По првите 45. минути игра на полуверме се замина со резултат од 0-0.
Второто полуверме стартуваше со слична игра која потсети на почетокот на овој двобој, во одредени моменти од мечот свои шанси имаше Сити, а во други Лестер. Сепак, тогаш кога се чинеше дека победникот ќе биде решаван преку изведување на пенали, буквално во последните минути се случи една мешаница пред голот на Сити, па по еден прекршок во шеснаесетникот беше досуден пенал за Лестер.
Во 89-та минута прецизен од белата точка беше Келечи Ихеаначо, кој изведе одличен шут и постигна гол за минимална предност која се покажа како сосема доволна за освојување на првата титула во оваа нова сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА