Тотенхем направи уште еден чекор наназад во трката за највисок пласман откако тимот на Маурицио Покетино по голема битка загуби на гостувањето против Лестер со 2-1. „Спарси“ имаат за што да жалат бидејќи водеа со 0-1, постигнаа и втор гол што им беше поништен, за потоа да дозволат целосен пресврт.
„Лисиците“ први ја затресоа мрежата на „спарси“, но тој погодок беше поништен поради офсајд. Нешто подоцна Тотенхем дојде во водство преку Кејн, кој извонредно се снајде откако падна на земја и ја смести топката во мрежата на Каспер Шмајхел. Тотенхем поведе и со 0-2 откако Орие постигна гол на асистенција на Кејн, но по прегледување на снимката овој погодок беше поништен.
На 1-1 израмни Переира, а по неколкуте промашени шанси на Тотенхем домаќините направија и целосен пресврт со прекрасниот погодок на Медисон со удар од околу 25 метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА