Листа на Форбс: Меси и Роналдо најплатени фудбалски ѕвезди

Лионел Меси ја предводи листата најплатени фудбалери што денеска ја објави реномираниот финасиски магазин Форбс. Тој во последнава година заработил 126 милиони евра од кои 92 милиони од плата, а 32 милиони од други приходи. Веднаш зад него е Кристијано Роналдо кој во последниве 12 месеци има заработка од 117 милиои со тоа што од маркетинг и други приходи тој има повеќе од Меси, 70 милиони, остатокот е платата од Јувентус.

Водечкиот двоец го следат двајца фудбалери на Пари Сен Жермен. Нејмар со заработка од 78 милиони и Килијан Мбапе со 42 милиони евра. Најдобрата петорка ја заокружува ѕвездата на премиерлигашкиот првак, Ливерпул, Мохамед Салах, кој заработил 24 милиони од плата и плус дополнителни 13 милиони или вкупно 37 милиони евра.

Втората половина ја предводи Пол Погба кој има цифра од 34 милиони, потоа е Антон Гризман со 33 милиони, па Герет Бејл кој и покрај лошата позиција во Реал Мадрид си заработува одлично па оваа година има 29 милиони евра. На деветтата позиција е Роберт Левандовски со 28, а на десеттата Дави Де Хеа со 27 милиони евра и со тоа е најдоброплатениот голман во светот.

 

 

 

Се вчитува...