Листа на Форбс: Роналдо со двојно поголема заработка од Меси во 2023 година

Лионел Меси можеби ја прослави осмата „Златна топка“, но кога станува збор за парите и заработувачката, аргентинскиот генијалец во 2023 година нема никаква шанса со Кристијано Роналдо.

Специјализираниот весник за финансиски истражувања „Форбс“ ја објави најноватаа ранг-листа што се однесува на заработката на фудбалерите во годината што изминува. Роналдо е убедливо прв со заработка од неверојтни 260 милиони евра, од кои 200 милиони се од договорот што го има со Ал Наср, а 60 милиони од комерцијалните договори што Португалецот скапо ги наплаќа од компаниите на кои е заштитно лице.

Само за споредба, Меси има речиси двојно помала заработка од Роналдо во 2023 година, Аргентинецот има 75 милиони евра од Интер Мајами и уште 70 милиони од спонзорските договори. На третото место на оваа ранг-листа е Нејмар, кој има вкупно 112 милиони евра заработка (80 милиони од Ал Хилал и 32 од спонзорските договори).

Ланскиот лидер на оваа ранг-листа, Килијан Мбапе, овојпат се наоѓа на четвртото место со вкупно 110 милиони евра заработка.

Во последните 10 години од рангирањето на „Форбс“, Кристијано Роналдо е најплатен светски фудбалер шест пати, Лео Меси три пати е на врвот на листата, додека еднаш таа чест (лани) му припадна на Мбапе.

Се вчитува...