ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Филип Кузмановски е кошмар за противничките голмани, па така македонскиот „бомбардер“ и по третото одиграно коло останува на врвот на листата на стрелци на овој светски шампионат.
Кузмановски на првите три меча на СП 2025 постигна 31 гол, нешто што во последните триесетина години му има успеано само на сегашниот македонски селектор Кире Лазаров (2009 и 2017) и на Катарецот Ал Сад.
Зад Кузмановски на второто место на листата на стрелци се наоѓа Тен Фелде од Холандија со 30 гола, третопласиран е Германецот Усчинс со 24 погодоци, еден повеќе од Матијас Гидсел.
Македонецот е на врвот на листата и кога станува збор за вкупен ефект на голови и асистенции, Кузмановски има вкупно 40 (31 гол и 9 асистенции), веднаш пред Данецот Гидсел кој има вкупно 38 (23 гола и 15 асистенции).
Останува да се надеваме дека извонредната голгетерска серија на нашиот капитен ќе продолжи и на утрешниот дуел со Австрија…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

