Лицемер на годината – Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо слободно може да се закити со „признанието“ – лицемер на годината, откако Португалецот ја покажа својата дволичност во случајот со Руди Гарсија.

Тренерот што доби отказ во Ал Наср беше во конфликт со играчите на овој тим, што стана многу сериозен откако Кристијано Роналдо се вклучи и застана на страната на соиграчите. Дел од медиумите тврдеа дека Гарсија ќе останел до крајот на сезоната, но како пресудна се покажала караницата токму со Роналдо, нешто што газдите на клубот не му го простиле на тренерот.

Токму затоа, сега бројни фанови го критикуваат Кристијано што покажува дволичност, па преку својот инстаграм профил се збогуваше од Руди Гарсија.

„Ми беше задоволство да соработувам со тебе. Ти посакувам многу среќа во иднина“, напиша Роналдо на заедничката фотографија со екс-тренерот.

Информациите од Саудиска Арабија говорат дека сега откако го сменил Гарсија, Кристијано активно учествува во потрагата по нов тренер за Ал Наср. Прва желба му бил Зинедин Зидан, но Французинот експресно ја одбил понудата, а на инсистирање на Роналдо е испратена понуда до Жозе Мурињо, со која „специјалниот“ повторно би соработувал со својот сонародник и би станал најплатен фудбалски тренер на сите времиња.

Се вчитува...